ФИФА се обидува да го исчисти своето име од скандалот кој беше обелоденет денеска, во врска со лажирано гласање за наградата „Д бест“, која во понеделникот ја доби Лионел Меси. Откако беа објавени гласовите на сите капитени и селектори на репрезентациите членки на фифа, се јавија од три држави да пријават дека тоа што излезе во јавноста – не се нивните гласови.

Селекторот на Судан, капитенот на Никарагва и првите луѓе на фудбалската федерација на Египет, реагираа дека нивните гласови биле променети и сите во корист на победникот – Лионел Меси. Всушност, капитенот на Никарагва, Хуан Барера, вели дека воопшто не гласал, дека никој не му пратил ни линк за галсање, кога во понеделникот, по изборот видел покрај своето име дека му дал максимални бодови на Меси. Селекторот на Судан, Здравко Логарушиќ, вели дека гласал за Салах, Мане и Мбапе, а потоа објавено е дека им дал бодови на Меси, Роналдо и Мане. Сличен бил случајот и со Египет и сите јавно се пожалија, за ФИФА вечерва да излезе со соопштение.

Проверени се документите за гласање од фудбалските сојузи на Никарагва, Судан и Египет. Сите документи се потпишани од нивните сојузи. Гласовите кои ги објавивме се тие што ни беа испратени. Се надеваме дека тие сојузи ќе проверат да не има некои неправилности кај нив, пишува во соопштението на ФИФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.