Спортски и дипломатски скандал се случи вечерва на стадионот „Парк на принцовите“ во Париз каде што се игра квалификациски меч за ЕП 2020.

Домаќините наместо албанската, ја интонираа химната на Андора. Откако забележаа дека не се свири нивната химна албанските репрезентативци одбиле да го почнат натпреварот.

Тука започнал вториот дел од скандалот.

По првата грешка на домаќините следело извинување на разглас од водителот во кое повторно е направена грешка.

Им се извинуваме на фудбалерите и на навивачите на Ерменија”, објавил официјалниот коментатор на што реагирале и фудбалерите и голем број навивачи на трибините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.