„Скај Спортс“ јавува дека Италијанскиот фудбалски стручњак, Антонио Конте е блиску до постигнување договор со раководството на Интер за да стане нивен нов тренер. Тимот од Милано во моментов е предводен од Лучијано Спалети и се наоѓа на третата позиција во Италија.

Според „Скај Спортс“, челниците на Интер сметаат дека Конте ќе ја подобри ситуацијата во клубот и се спремни да му врачат отказ на Спалети, но само ако постигнат конечен договор со поранешниот предводник на Јувентус и Челси.

Доколку двете страни се договорат, Конте како тренер на Интер ќе биде претставен на јавноста следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.