Манчестер сити планира да купи напаѓач за време на летниот преоден рок. Клубот има тројца главни кандидати за оваа позиција – Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, Хари Кејн од Тотенхем и Ромелу Лукаку од Интер, пишува аргентинската новинарка Вероника Брунати.

Наводно, нема шанси ова лето напаѓачот на Барселона, Лионел Меси да се пресели во Манчестер сити.

Напаѓачот Серхио Агуеро, кој вчера одбележа 10 години во Сити, објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.