Сите играчи на Јувентус се негативни на КОВИД-19, пренесе „Кориере дело Спорт“

Играчите биле подложени на тестови во средата и резултатите од никој од нив не се загрижувачки. Ова ќе му овозможи на тимот во наредните денови да започне со тренинзи во поголеми групи.

„Бјанконерите“ сè уште тренираат индивидуално, а Блеиз Матуиди и Сами Кедира, кои беа меѓу заразените на почетокот од годинава, учествуваа на вчерашните тренинзи.

Италијанскиот шампионат се очекува да продолжи во втората половина на јуни

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.