Хрватската фудбалска репрезентација синоќа го елиминираше Бразил од Светското првенство во Катар и се пласираше во полуфиналето. Бразилските фудбалери тешко го поднесоа поразот, а Нејмар не ги криеше солзите, додека неговите соиграчи го тешеа.

Во еден момент на Нејмар, додека тој плачеше, му пријде Лео Перишиќ, синот на хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ.

Малиот Леонардо трчаше по теренот со својата сестра Мануела во дресот на хрватската репрезентација, за да се поздрави со Бразилецот и да се обиде да го утеши. Обезбедувањето го попречи малиот Лео, но Нејмар се приближи кон момчето, го прегрна и бакна. Момчето утешно го тапкаше тажниот фудбалер.

Децата на Перишиќ мечот го проследија со нивната мајка Јосипа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.