Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ по циклусот хемотерапии имаше емотивно обраќање во кое проговори за неговата здравствена состојба. Тој боледува од леукемија која му беше откриена по рутински преглед.

Тој истакна дека позади него се четири тешки месеци но со силниот карактер тоа го протуркал.

Во тие моменти потребна е голема ментална сила која ја добивав од лекарите. Сите беа максимално посветени и да не беше така сега не би бил тука. Фала на мојата сопруга Аријана која заедно минуваше страшен период- изјави Синиша по што се расплака.

Лекарите се оптимисти за негово целосно опоравување но велат дека треба да се биде внимателен.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.