Фудбалерот на Реал, Герет Бејл уште еднаш го напушти стадионот, без да го чека крајот на натпреварот на неговиот клуб.

Во 20. коло од Ла Лига, екипата на Реал ја совлада Севиља на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1.

Триесет годишниот Велшанец, кој не беше во составот на Зинедин Зидан, го напушти стадионот во 82. минута. Играчот не беше на списокот поради повреда.

Оваа сезона Бејл веќе го напушти натпреварот на Реал Мадрид најмалку четири пати пред последниот свиреж: во последното коло против Еспањол (2:0), против Леганес (5:0), Бетис (0:0) и Галатасарај (6:0).

Според клупските правила, на играчите не им е дозволено да го напуштат стадионот пред 80. минута од натпреваро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.