Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за Мундијалските квалификациски натпревари. „Црвено-жолтите“ на 8 октомври ќе се соочат со Лихтенштајн на гостински терен во Вадуц, а на 11 октомври на Националата арена ќе ја пречекаат Германија.

Новитет на списокот на Милевски Ердал Ракип од шведски Малме, кој го има дебитантскиот повик во македонскиот национален дрес. Станува збор за 25-годишен фудбалер од средината на теренот, кој бил дел од сите младински категории на Шведска, за чија селекција до 21 година има 17 настапи.

Ракип е роден во Малме.Кариерата ја почна во малдинските категории на клубот, по што беше дел и од големи европски фудбалски имиња како Бенфика и Кристал Палас, пред да се врати во матичниот клуб.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езџан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (Мариупол, Украина), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Јани Атанасов (Хајдук Сплит, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Алборг, Данска), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија).

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3 октомври во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.