Вчерашните слики од Тетово покажуваат дека политката во Македонија е длабоко навлезена во фудбалот.

Доделувањето на титулата на Шкендија повеќе наликуваше на митинг на ДУИ отколку на фубалски натпревар. На стадионот се истопорија вицепремиерот Артан Груби, Талат Џафери, градоначалничката Теута Арифи и лидерот на партијата ДУИ Али Ахмети.

Ахмети дури и го крена пехарот за освоеното првенство небаре е капитен на Шкендија. Дали тој видел лидер на партија да го крене пехарот на ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер Сити…?

Долу на теренот покрај на фубалерите место му е единствено на претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини и на никој друг.

Затоа прашање е што ќе каже УЕФА на ова ако се знае дека европската организација најстрого забранува мешање на политиката во фудбалот.

Во ФФМ тоа добро го знаат и затоа медиумите застанаа во нивна одбрана кога државата се замеша во автономијата на фудбалската федерација и бараше тие да го усогласат својот статут со тој на Законот за спорт.

Присуството на политичари на прославата само фрла дамка на заслужената титула на фудбалерите на Шкендија.

И да, каде е македонското знаме на јарболот на стадионот?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.