Шпанските фудбалски екипи вo Првата и Втората лига регистрирале загуба од 2.03 милијарди евра во сезоните 2019/20 и 2020/21 поради пандемијата на Ковид-19.

-И покрај намалениот приход од две милијарди евра, што е исклучително многу, клубовите, а пред се големите клубови, успеаја да се носат со тоа, изјави претседателот на шпанската Прва лига, Ксавиер Тебас.

Во сезоната 2019/20, екипите пријавиле заработка од 4.8 милијарди евра, што е за 366 милиони евра помалку од планираните 5.167 милијарди, објави ревизорската куќа „Прајсвотерхаус Куперс“.

Во меѓувреме, значителниот пад на приходите предизвикан од отсуството на гледачи на трибините, ја поттикна Ла Лига да им наложи на Барселона и на Атлетико Мадрид да ги намалат буџетите за околу 35 милиони евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.