Каталонската јавност упати низа критики до играчите на Барселона за нивното издание во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите со Ливерпул (4-0).

Изданието „Спорт“ им додели оценка 0 (нула) на играчите од средниот ред Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ. Највисоки оцени, петки, добија Артуро Видал и Лионел Меси.

И „Ел Мундо Депортиво“ беше разочаран од каталонскиот тим. На сите фудбалери од Барселона, на скалата од еден до пет им даде, една ѕвезда, а само на Видал две.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.