Напаѓачот Карим Бензема ќе го пропушти Светското првенство во 2022 година, објави официјалниот сајт на Француската фудбалска федерација.

На 34-годишниот Французин му била констатирана повреда на квадрицепсниот мускул на левата надколеница, поради што фудбалерот на Реал Мадрид нема да биде во можност да насташи на Мундијалот во Катар.

Отсуството на најдобриот фудбалер во светот за оваа година е голем хендикеп за „триколорите“ кои пред Мундијалот се помеѓу топ фаворитите за освојување на трофејот.

Франција во групата Д ќе игра против Австралија (22 ноември), Данска (26 ноември) и Тунис (30 ноември).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.