Возбудливо на „Енфилд“ каде Ливерпул испушти убава предност и на крај освои само бод против Брајтон и одигра (2-2).

Хендерсон со прекрасна завршница отвори по четири минути игра, а потоа Садио Мане донесе нова радост за публиката.

Меѓутоа пресвртна точка беше реализацијата на Мвепу пред паузата. Тоа како да ги охрабри гостинските фудбалери кои притиснаа и добија награда. Одличната соло акција во реми ја претвори Тросар.

Кристал Палас го шокира Манчестер Сити (0-2) и му го нанесе вториот сезонски пораз. Раната реализација на Заха беше клучна за тимот на Патрик Виеира.

Глупост на овој меч направи Ајмерик Лапорт кој заработи директен црвен картон во вториот дел. Тоа донесе проблеми за „граѓаните“, кои израмнија преку Габриел Хесус но погодокот не важеше поради офсајд позиција.

Во финишот Галагер донесе тага на трибините на „Етихад“ и ги потврди трите бода.Лидерот на табелата Челзи во вториот дел го „скрши“ Њукасл Јунајтед (0-3). Џејмс се најде на вистинското место за да донесе водство, а по дванаесет минути ја најави победата на гостите од Лондон. Пеналот на Жоржињп стави точка на овој меч на „Сент Џејмс Парк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.