Легендарниот голман на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел се спротивстави на сите кои го критикуваат актуелниот голман на „црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа, за неговите лоши настапи на последните натпревари.

– Манчестер јунајтед има добар, млад голман на позајмица во Шефилд. Зборувам за Дин Хендерсон. Тој изгледа ветувачки, но Де Хеа е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, веќе не знам колку години. Сигурен сум во ова. Солскјер го смени стилот на игра на Манчестер јунајтед, а кога се случуваат промени, секогаш грешите. Ако не грешите, нема да можете да научите ништо.

Давид де Геа – Манчестер Јунајтед

Го гледам Де Хеа како главен голман на Манчестер јунајтед со години наназад и мислам дека сега се третира неправедно, изјави Шмајхел

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.