Легендарниот дански голман Питер Шмајхел за BBC Radio 5 изјави дека фактот дека данските играчи добија избор да го продолжат натпреварот во сабота вечер или недела напладне е „смешна одлука на УЕФА“.

„Тие требаше да се обидат да изнајдат поинакво решение и да покажат малку сочувство, но не го направија тоа“, рече Шмајхел.

Ова не беше единствениот инцидент на Европското првенство – на натпреварот помеѓу Англија и Хрватска во Лондон, еден навивач падна од трибините, а поради сериозноста на повредите, тој веднаш беше пренесен во болница.

Поради пандемиските мерки, натпреварот на Вембли го следеа околу 18.500 навивачи, а домашниот тим славеше со 1: 0.

Новиот натпреварувачки ден на Европското првенство го одбележа и Македонецот Горан Пандев, кој стана втор најстар стрелец во историјата на натпреварувањето против Австрија, како и враќањето на Холандија на големата сцена откако претходно отсуствуваше од континенталното првенство 2016 година и Светското првенство 2018 година.

Што друго рече Петер Шмајхел?

Натпреварот Данска – Финска во Копенхаген беше прекинат пред крајот на полувремето откако колабираше Ериксен, фудбалерот на милански Интер.

Лекарскиот тим го реанимирал на терен, па тој бил пренесен во болницата, каде се освестил. Откако слушнаа дека Ериксен е подобар, играчите решија да го завршат натпреварот во саботата.

Организаторите на турнирот објавија дека се согласуваат со ваквото барање од играчите на двете репрезентации.

Но, Шмајхел, чиј син Каспер брани за Данска, рече дека играчите се ставени во тешка позиција.

„Ако требаше да играм, веројатно ќе беа најлошите два часа во мојот живот“, рече тој.

„Нешто страшно се случи и УЕФА им дава можност на играчите да излезат и да одиграат натпревар или да се вратат во недела напладне. Каков избор е тоа?

„Резултатот е целосно ирелевантен. Мислам, како можеш да играш? “

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.