Македонскиот фудбалски шампион, Шкупи, во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра против шампионот на Гибралтар, Линколн.

Првиот натпревар ќе се игра на 5 или 6 јули во Скопје, додека реваншот ќе биде на 12 или 13 јули на теренот на Линколн.

Иако доаѓа од земја која не важи за фудбалска, Линколн во жрепката влезе како носител, а својот квалитет го покажа минатата сезона кога стигнаа до третото квалификацисако коло во Лигата на Европа, по што настапуваа во групната фаза од Конференциската лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.