Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа пет натпревари по кои водечките две екипи освоија нови три бода.

Шкендија дури во финишот го скрши отпорот на Пелистер, додека Шкупи беше сигурен против Вардар. Затоа, пак, „киксна“ третопласираната Македонија ЃП.

Резултати:

Борец – Беласица  1:0

Македонија ЃП – Силекс  0:3

Шкендија – Пелистер  1:0

Шкупи – Вардар  2:0

Струга Трим Лум – Ренова  0:0.

Вчера:

Работнички – Академија Пандев  0:2.

Табела:

Шкендија 53 бода

Шкупи 43

Македонија ЃП 38

Струга 34

Работнички 32

Борец 32

Пелистер 28

Вардар 27

Силекс 26

Академија Пандев 25

Ренова 24

Беласица 13

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.