Селекторот на Украина Андриј Шевченко вели дека  нема да ја потценат Македонија, потенцирајќи дека „црвено-жолтите“ се квалитетна селекција.

„Македонија има многу добра екипа. Го потврдија тоа и низ квалификациите на патот до ова ЕП, но и видовте што им се случи на Германците на последниот квалификациски меч за СП 2022. Оваа селекција никако не смее да се отпише од битката за место во следната рунда, бидејќи има многу квалитетни фудбалери кои можат да одиграат добар меч. Нашата цел е јасна – да се пласираме во нокаут-фазата, но знаеме дека нема да биде лесно. Во нашата група има еден главен фаворит – Холандија, но тука е и Австрија, уште една репрезентација што игра квалитетен фудбал“, истакна Шевченко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.