Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, со многу внимателсност коментира за македонската фудбалска репрезентација, со која Украинците играат во второто коло од Европското првенство.

Шевченко истакнува дека нема да дозволи неговите фудбалери да ја потценат Македонија, за која вели е квалитетна репрезентација.

Македонија има многу добра екипа и тоа го потврди во квалификациите на патот до ова ЕП, но и на квалификациите за СП 2022, кога сите видоа што и се случи на Германија. Македонија никако не смее да се отпише од битката за место во следната рунда, бидејќи има многу квалитетни фудбалери кои можат да одиграат добар натпревар. Нашата цел е јасна – да се пласираме во нокаут-фазата, но знаеме дека нема да биде лесно. Во нашата група има еден главен фаворит – Холандија, но тука е и Австрија, уште една репрезентација што игра квалитетен фудбал – вели Шевченко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.