{Шпанскиот фудбалски клуб, Атлетик Билбао, објави дека шест членови на тимот се позитивни на корона вирус.

Позитивните случаи се откриени по вчера направените тестови, а во соопштението на клубот не се прецизира колку од заразените се фудбалери, а колку од членови на спортско-техничкиот персонал или стручниот штаб.

Баскијците утре вечер ги почнуваат подготовките за новата сезона, а поради утврдените позитивни случаи, почетните тренинзи ќе бидат индивидуални.

Сите позитивни членови на клубот се веднаш изолирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.