Со голот на Лис Мусе, Шефилд јунајтед синоќа во последниот натпревар од 9. коло од шампионатот на Англија, го совлада Арсенал со 1-0.

„Топчиите“ ја прекинаа серија од пет средби без пораз, додека домаќините ја забележаа третата победа оваа сезона.

На табелата во Премиер лигата, Арсенал со 15 бода остана на петтото место, Шефилд со 12 боде е на 9. позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.