Македонецот Влатко Андоновски ја официјализираше соработката со фудбалскиот сојуз на САД, и беше наименуван за селектор на женската репрезентација која е светски шампион.

Ова е огромна чест за нашинецот кој е деветти селектор во историјата на женската селекција на САД. Претставувањето на 43-годишниот Андоновски ќе биде во Њујорк. Тој во 2000 година се пресели во САД, со сопругата Билјана и трите деца живеат во Канзас сити, а седум години работи во женскиот фудбал во САД, има и две титули. Тој е познат по прекарот „Шате“.

Дебито како селектор на екс играчот на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, ќе му биде на 7 ноември во Колумбус на пријателска средба против Шведска, додека кон крајот на јануари има квалификации за Олимписките игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.