Севиља стана првиот тим кој се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, откако го победи по втор пат Лацио, сега со 2-0 на домашен терен.

Висам бен Једер, кој ја донесе победата на андалузијците со 0-1 на „Олимпико” минатата недела, го отвори резултатот на „Рамон Санчез Писхуан” во 20-тата минута.

Во второто полувреме работите на теренот се вжештија и Франко Васкез (60) и Адам Марушич (71) беа исклучени, а Пабло Сарабија стави точка на мечот со втор гол во 78-та минута. Севилја го доигра мечот со 9 фудбалери, откако Хесус Навас се повреди и не успеа да продолжи.

Така Севилја, која е најтрофејниот тим во Лига Европа, се квалификуваше за осминафиналната фаза на турнирот.

Останатите реванш средби од шеснаесетфиналето во вториот по квалитет европски клупски турнир, се играат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.