По квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Словенија и Русија, одигран во Марибор, словенечки хулигани ги нападнале руските навивачи.

Во инцидентотите околу стадионот „Људски Врт“, еден од руските навивачи добил сериозни повреди со скршеници. Поради повредите, рускиот навивач морал цела ноќ да ја помине во болницата во Медицинскиот центар на Универзитетот во Марибор.

Репрезентацијата на Русија славеше со 2:1 со што со 19 бода изби на првото место на табелата во групата, со два бода пред Хрватска. Словенија, пак, со поразот остана на 10 бодови и ги загуби сите шанси за евентуален пласман во баражот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.