Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е казнет со еден милион евра за затајување данок. Даночната служба на Шпанија смета дека играчот го сокрил приходот добиен од продажба на права на имиџ, пренесува „Марка“.

Претходно, Рамос веќе плати 500 илјади евра.

Сега фудбалерот ја обжали одлуката без да се изјасни за виновен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.