Актуелниот првак во Ла Лига, Реал Мадрид, ќе биде без услугите на капитенот Серхио Рамос најмалку во следните шест недели, колку што лекарите предвидуваат да трае закрепнувањето по денешната операција на коленото, јавија шпанските медиуми.

Раководството на Реал не излезе со детали околу рехабилитациониот процес, соопштувајќи дека Рамос бил успешно опериран.

-Капитенот Серхио Рамос беше успешно опериран денеска поради повредата на внатрешниот менискус на левото колено. Операцијата ја изврши доктор Мануел Лејес, под мониторинг на медицинскиот тим на Реал. Со процесот на рехабилитација Рамос ќе започне во следните денови, се наведува во соопштението на клубот од Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.