Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да биде суспендиран четири натпревари поради пријавата на делегатот по средбата од 7. коло од првенството на Шпанија со Атлетико (0-0). Капитенот на Реал го навредувал арбитерот нарекувајќи ја неговата мајка со непристоен збор.

Евентуалната ваква суспензија за Рамос ќе значи отсуство од средбите со Гранада, Мајорка, Барселона и Леганес.

Реал со 15 бода е на првото место на табелата во Шпанското фудбалско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.