Динамо Загреб е во четвртфиналето на Лигата на Европа. „Модрите“ го направија најголемиот клупски успех во поновата историја. Адеми и Ристовски, Оршиќ, Ливаковиќ, Маер, Гаврановиќ, Петковиќ… успеаја да му го земат скалпот на големиот Тотенхем, кој пред некоја година беше и финалист во Лигата на шампионите.
Подвигот е историски. Го елиминираа славниот клуб од северен Лондон и покрај тоа што имаа негатива од 0:2 од првиот меч на „Вајт Харт Лејн“.

Од Динамо веднаш по мечот се огласија на Фејсбук. Не можеа, а да не ги споделат емоциите.

„Крај! Динамо е во четвртфинале. Го победивме и го елиминиравме Тотенхем со резултат 3:0! Славете, веселете се, историјата е испишана на Максимир, ова ќе го раскажувате на внуците“.

[UEFA EUROPA LEAGUE] KRAJ!!!!!! DINAMO JE U ČETVRTFINALU 🔵🔵💪💪 POBIJEDILI SMO I IBACILI Tottenham Hotspur REZULTATOM 3:0!…

Posted by GNK Dinamo Zagreb on Thursday, 18 March 2021

Иако се очекуваше Тотенхем да има лесна задача на „Максимир“ по предноста од 2:0, но „модрите“ на Аријан Адеми и Стефан Ристовски покажаа дека не се тим за шега и покрај тоа што оваа недела останаа без тренерот Зоран Мамиќ, кој беше осуден на затворска казна. „Џокерот“ на преодниот тренер Дамир Крзнар беше 28-годишниот Мислав Оршиќ, кој прво во 62. минута постигна прекрасен гол за 1:0, за во 83. минута најдобро да се снајде во шестнаесетникот за 2:0.

Динамо Загреб, предводен од хет-трикот на Мислав Оршиќ, стигна до сензационална 3:0 победа над Тотенхем во вториот меч од осминафиналето на Лига Европа, оставарувајќи огромен европски успех во неделата во која нивниот тренер Зоран Мамиќ си замина поради затворската казна.

Нивните градски ривали, Арсенал, исто така загубија, дома од Олимпијакос од 0:1, но имаа предност од 3:1 од првиот меч за пласман меѓу осумте најдобри, каде што се и шпанска Гранада и Рома.

Арсенал, пак, успеа дома да загуби од Олимпијакос со 0:1, но имаше предност од 3:1 од првиот меч за пласман понатаму. Јусеф Ел Араби го донесе грчкиот клуб во водство во 51. минута, но за елиминирање на предноста им беа потребни уште два гола. Молде пак, со 2:1 успеа да ја совлада Гранада, но и тие имаа предност од 0:2 од првиот меч, додека Рома вторпат го совлада Шахтјор, овојпат на гости за сигурен пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.