Британските медиуми вината за катастрофалната игра на Тотенхем оваа сезона, особено синоќешниот дебакл против Баерн среде Лондон (2:7), ја пронајдоа во секс-аферата која наводно ги уништила односите во екипата.

Јан Вертонген, наводно, спие со сопругата на Кристијан Ериксен, Сабрина Квист!

Сѐ погласно се зборува дека таквите наводи се манифестираат и врз формата на двајцата играчи. Масло на огнот долеа и изјавата на некогашниот нивни соиграч, Киран Типије, кој рече дека во тимот се случува вистинска драма и оти за тоа не сака да зборува.

Ова не би бил прв скандал во Англија. Веќе е познат случајот на Рајан Гигс, кој со години спиел со сопругата на својот брат, како и аферата на Вејн Бриџ, чија сопруга се гледаше со другата легенда на Челзи, Џон Тери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.