Фудбалскиот клуб Еспоар Минероа од Белгија е вмешан во секс скандал меѓу девојка и неколку фудбалери од аматерскиот клуб. Во јавноста се појави снимки од сексуален однос на неколку фудбалери со една девојка, која претходно гола ползи по клупското кафуле.

Експлицитните снимки кружат низ социјалните мрежи неколку дена, а според белгиските медиуми, видеото е снимено по тренинзите минатиот месец.

Всушност, се работи за две видеоснимки, од кои на првата девојката седи во барот со фудбалерите, а на втората лази по подот и има секс со фудбалер на клупата за масажа.

Според истрагата мајката на девојката изјавила дека нејзината ќерка била под дејство на алкохол и дрога.

Постојат докази дека ќерка ми не е во нормална состојба. Сакам ова да заврши на суд и да биде разјаснето. Мислам дека има нешто повеќе од тоа што сакаат да покажат, рече мајката за „Судинфо“.

Еден од играчите изјавил, пак, „работите отидоа предалеку“, но девојката била доброволно со нив.

Белгиските власти започнаа истрага откако девојчето и нејзиното семејство пријавиле сè во полиција.

Засега знаеме дека неколку играчи биле таму, но не знаеме што точно се случувало. Ние ќе ја испитаме приказната, што е веќе скандалозно, изјавил владин претставник, а изненадувачки слична изјава дал претседателот на фудбалскиот клуб Жозеф Гајлард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.