Седуммина политичари денеска сечеа една црвена лента со која беше пуштена во употреба новата трибина во Чаир.

Меѓунив, секако, беше и првиот вицепремиер Артан Груби, и самиот дел од Шверцерите, кој на „Фејсбук“ порача:

Исполнивме уште едно големо ветување за ФК Шкупи, Шверцерите и сите љубители на спортот во општина Чаир и во Скопје.
Денеска, заедно со првиот човек на фудбалската федерација, Мухамет Сејдини, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и на Скопје Петре Шилегов, министерот Османи, директорот на клубот Буњаку, пратеници, директори и други, ја пуштивме во употреба новата трибина на стадионот во Чаир.
Посакувам на новиот стадион да му се радуваме сите заедно со шампионската титула оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.