Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски кој заедно со Александар Трајковски го напуштија Палермо, според италијанските медиуми во текот на денов би требало да ги мине лекарските прегледи во Удинезе, а потоа во попладневните часови и отпатува во Австрија каде што тимот се подготвува за новата сезона.

На социјалните мрежи веќе почнаа да стигнуваат честитики за популарниот „Несторгол“.

Бомберот се врати во серија A. Нека ти е со среќа новиот трансфер во Удинезе, му честиташе на Несторовски поранешниот македонски репрезентативец, Гого Јовчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.