Екипата на Ливерпул вечерва на изненадување на многумина успеа да ја надокнади негативата од 3-0 против Баселона од првиот натпревар и со победа од 4-0 на „Енфилд“ обезбеди финале во ЛШ.

Натпреварот беше отворен уште во седмата минута кога Ориги еден отпадок го претвори во гол за водство на Ливерпул од 1-0. На полувреме на место на повредениот Робертсон во игра влезе Вајналдум кој стана главен херој на Ливерпул на овој натпревар. Холанѓанецот погоди во 54 и 56 минута за водство на Ливерпул од 3-0 и изедначување на вкупниот резултат.

Во 79. минута Александер Арнолд изведе брз корнер, го пронајде Ориги во шенаесетникот, а Белгиецот даде втор гол за сензационална победа од 4-0.

„Црвените“ утре ќе го дознаат својот противник во финалето, откако Ајакс и Тотенхем ќе го одиграат реваншот во Амстердам во кој Холанѓаните имаат минимална предност од првиот меч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.