Откако англиските клубови кои беа дел од оснивачите на Суперлигата, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Челзи и Арсенал, официјално се повлекоа од проектот, од новото натпреварување објавија сопштение во кое велат дека остануваат на ставот дека моменталниот модел на европскиот фудбал мора да се промени.

Од Суперлигата додаваат дека ќе размислат за понатамошните чекори околу тоа како ќе се развива овој проект.

Европската Суперлига верува дека европскиот фудбал мора да се промени. Предложивме ново европско натпреварување бидејќи постоечкиот систем на функционира. Нашата цел е создавање на ресурси и стабилност за целосната фудбалска пирамида, вклучувајќи помош за минувањето на финансиската состојба која ја мина целата фудбалска заедница како резултат на пандемијата.

 

И покрај откажувањето на англиските клубови кои беа присилени поради притисокот, веруваме дека нашиот предлог е во склад со европските прописи и закони. И покрај моменталните околности, ќе ги разгледаме најдобрите предлози за преобликување на проектот, имајќи на ум дека нашите цели се да им понудиме на навивачите едно ново искуство, а истовремено ќе ја зголемиме исплатата за целата фудбалска заедница – се наведува во соопштението на Суперлигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.