Саудиска Арабија размислува да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2030 година. Најголемата држава на Арапскиот полуостров планира да поднесе заедничка апликација со друга земја, а Италија може да стане партнер на Саудиска Арабија, објави „Атлетик“.

Консултантска компанија со седиште во САД, „Бостон Консалтинг Груп“ и помага на Саудиска Арабија и нуди различни опции за партнерство. Една од нив е заедничка апликација со Египет и Мароко.

Сепак, оваа опција е малку веројатно поради загриженост поврзана со комерцијалниот успех на турнирот, влијанието врз економиите на земјите и безбедноста на турнирот.

Затоа, европскиот партнер изгледа како попрофитабилно решение за Саудиска Арабија, а Италија е најверојатен кандидат. Воспоставени се деловни, дипломатски и спортски односи меѓу двете земји.

Во јануари 2022 година, Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Суперкупот на Италија.

Претходно стана познато дека Велика Британија и Ирска, како и Шпанија и Португалија планираат да достават заеднички апликации за организација на Мундијалот 2030.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.