Менаџерот на Челси, Маурицио Сари изјави дека неговиот тим мора да освои три или четири натпревари по ред, за да ја врати довербата на навивачите. 60-годишниот италијански стручњак додаде дека сака да остане долго време во лондонскиот клуб.

„Сините“ од Лондон имаат дури 7 порази во последните 15 натпревари, а во понеделникот беа совладани и од Манчестер Јунајтед на својот „Стемфорд Бриџ“ со 0-2.

Треба да мислам дека ќе го водам Челси за долг период, во спротивно нема да можам да работам. Сакам да го водам Челси долго време. Имам долгорочни планови. Треба да победиме три или четири средби по ред. Тоа е единственото решение. Многу добро го разбирам разочарувањето на навивачите, бидејќи тие се навикнати на победи. Сега имаме проблеми, но нема друг начин. Се обидуваме да ги решиме проблемите. Не е лесно. Се обидуваме да комуницираме со играчите, да избегнеме некои грешки, изјави Сари за „Скај Спорт“.

Челси е на шестото место на табелата во Премиер лигата со 50 поени по 26 кола, а „сините“ испаднаа од ФА Купот, откако загубија од Манчестер Јунајтед во понеделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.