Тренерот на Челси, Маурицио Сари, по победата над Фулам во натпреварот од 29-то коло во Премиер Лигата (1-2), истакна дека не планира да го напушти клубот.

Се чувствувам исто како и порано. Сепак сега сум малку посреќен, бидејќи резултатите на тимот се позитивни. Кога сите зборуваа за моето отпуштање, разговарав со претставниците на клубот на тема планирање на следната сезона. Потоа јас секогаш бев опуштен, изјави Сари.

Челси во моментов е на 6. место на табелата, со 56 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.