Напаѓачот на Баерн, Лерој Сане пред натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев проговори за состојбата по повредата.

– Се обидувам да ја преточам негативната енергија во позитивна. Сега во однос на физичката подготвеност се чувствувам многу добро, влегов во добар ритам. Сакав да покажам што можам и да се вратам на нивото на кое бев пред повредата. Повторно постигнав добар напредок, изјави Сане за официјалната веб-страница на Баерн.

Натпреварот Динамо – Баерн ќе се одигра утревечер со почеток во 18:45 часот.

По четири кола во Е-групата во Лигата на шампионите, лидер е Баерн со максимални 12 бода, Барселона е втора со 6, Бенфика има 4, Динамо Киев е последен со 1 бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.