Потешко од очекуваното, Манчестер Сити вечерва на гостувањето кај Шалке 04 стигна до победа (2-3) во првиот осминафинален натпревар од двомечот во Лигата на шампионите. Германскиот тим преку двата гола на Бенталеб од белата точка успеа да ја анулира предноста на Сити во првиот дел кој поведе преку Агуеро.

На почетокот на вториот дел домаќините имаа причина плус да веруваат дека можат да го задржат водството бидејќи Отаменди беше исклучен, а Сити останана со играч помалку. Сепак, со прекрасниот гол на Сане од слободен удар, „граѓаните“ се вратија во мечот, за Стерлинг да ги постави конечните 2-3 во самиот финиш на мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.