Капитенот на Борусија (Дортмунд) Марко Ројс во својата изјава потврди дека големата цел на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо ќе продолжи да биде играч на „жолто-црните“ и оваа сезона.

„Тоа беше одлична вест за нас играчите. Сите бевме среќни што Санчо ќе остане со нас уште една година, бидејќи тој придонесува со асистенции и погодоци, со што освојува многу поени. За нас, тој е клучен играч. Дали тој ќе стане голем играч како Лионел Меси и Кристијано Роналдо? Ќе видиме. Потребно му е само време и многу искуство. Ќе има моменти кога ништо нема да оди толку добро, и ќе видиме како тој се справува со тоа. Сепак, мислам дека тој има самодоверба и квалитети за да успее, изјави Ројс пред мечот во Суперкупот на Германија против Баерн (Минхен).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.