Чаир е вистинска атракција кога е во прашање играњето фудбал за време на полициски час!

Синоќа на Фејсбук-страницата „Ултрас-тифо.нет“ повторно се појави фотографија од Скопје, на која може да се забележи како се игра фудбал и тоа среде полициски час.

Теренот, според пишувањето на страницата, се наоѓа во населбата Чаир, а очигледно во оваа скопска населба дел не ги почитуваат мерките донесени од Владата. Пред еден месец овој скопски дел исто така беше во центарот на вниманието поради играње фудбал за време на полициски час, но тогаш беше во ден додека овој пат работите беа дури и попрофесионални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.