Горан Пандев стана вториот највозрасен стрелец во историјата на европските првенства. Капитенот на македонската репрезентација против Австрија се запиша во листата на стрелците на возраст од 37 години и 322 дена.

Прв на оваа листа е Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол на возраст од 38 години и 256 дена на 12 јуни 2008 година против Полска.

Во Топ 5 се и: Золтан Геро од Унгарија во 2016 година со 37 години и 61 ден; Гарет Маколи од Северна Ирска во 2016 година со 346 години и 194 дена и Андриј Шевченко од Украина во 2012 година со 35 години и 255 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.