Фудбалерите на Данска вечерва на „Вембли“ во Лондон ќе се обидат да го повторат успехот што во изминативе две години им успеало да го направат само ним.

Во тој период, Англичаните на својот легендарен стадион одиграа 13 натпревари и притоа имаат учинок од 11 победи, едно реми (против Шкотска на Европското првенство) и само еден пораз – токму од Данска.

Данците славеа во рамки од Лигата на нации минатиот октомври. Стрелец на единствениот погодок на таа средба беше Кристијан Ериксен, кој го заврши ЕВРО 2020 уште за време на првиот натпревар на ЕУРО 2020, откако за време на играта преживеа срцев удар.

Полуфиналниот натпревар меѓу Англија и Данска е со почеток во 21 часот.

Победникот од оваа средба во големото финале ќе игра против Италија, која во првиот полуфинален дуел ја совлада Шпанија по подоброто изведување пенали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.