Руската фудбалска федерација соопшти дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, откако руската репрезентација беше исфрлена од претстојниот мундијалски бараж, како и од сите други меѓународни натпреварувања.

Руската фудбалска репрезентација требаше на домашен терен на 24 март да ја пречека Полска во полуфиналеето од баражот за Светското првенство во Катар.

ФИФА и УЕФА на 28 февруари донесоа одлука за суспензија на руските репрезентации и клубови, како одговор на случувањата во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.