Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни по заминувањето на Мурињо од Јунајтед, вели дека е сигурен дека сите во 20-кратниот шампион на Англија не биле задоволни од однесувањето на португалскиот стручњак за време на неговата работа на „Олд Трафорд“.
Сигурен сум дека Ед Вудворд не бил задоволен од работата на Мурињо. Истото важи и за остатокот од персоналот. Готвачките на тимот, исто така не работеа со желба. Успеси се постигнуваат кога луѓето се среќни и односите меѓу нив се коректни. Можам да видам дека играчите повторно се смеат, што е добро за клубот. Раководството направи добар потег со назначувањето на Оле Гунар Солскјер. Ќе биде возбудливо да видиме што ќе направат фудбалерите под негово раководство, изјави Руни за „БТ Спорт“.
Поранешниот англиски репрезентативец си замина од Јунајтед во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.