Дефанзивецот Даниеле Ругани бил позитивен на тестовите за коронавирусот и веднаш е префрлен на лекување, а италијанскиот фудбалски првак Јувентус е ставен во изолација.

Сите фудбалери на Јувентус, како и раководните структури ќе мора да ги минат процедурите на строга изолација, а се тестираат сите кои биле во близок контакт со Ругани.

Според некои информации, Кристијано Роналдо претходно го напуштил Торино и заминал за родната Мадеира во посета на мајка си, која преживеа мозочен удар и се уште се наоѓа под медицински третман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.