Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо синоќа на гостувањето кај Украина постигна гол за репрезентацијата на Португалија. Ова беше 700. погодок во кариерата на Роналдо, но за негова жал не беше доволен да се избегне поразот (1:2) од Украинците.

До извонредната бројка Роналдо стигна со 450 голови во дресот на Реал Мадрид, 118 за Манчестер јунајтед, 95 за португалската репрезентација, 32 за Јувентус и пет во дресот на Спортинг Лисабон.

Досега „ЦР7“ има одиграно 973 натпревари, забележано 219 асистенции и 54 хет-трик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.