Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо се расплакал за време на интервјуто за британскиот телевизиски канал ИТВ. Ова се случило по презентирано видео и по прашање за неговиот покоен татко.

Никогаш не сум го видел ова видео. Простете ми, рече Роналдо.

На прашањето поради што се вознемири, Португалецот одговори:

Станав број 1, но тој не го виде тоа. Не виде како ги примам наградите, што сум постигнал. Моето семејство го виде тоа, мајка ми го виде тоа, браќата, дури и мојот најстар син. Но, татко ми не го виде ова, додаде Роналдо.

Таткото на Кристијано Роналдо почина во 2005 година на 52-годишна возраст. Тогаш Кристијано Роналдо имаше 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.