Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо се произнесол кои фудбалери би сакал да ги донесе раководството на клубот за да се состави силен тим за следната сезона.

Според „Мирор“, на листата на Роналдо се наоѓа 19-годишниот крилен напаѓач на Бенфика Жоао Феликс, двајцата поранешни соиграчи од Реал, дефанзивецот Рафаел Варан и играчот од средниот ред Иско.

Другите тројца се крилото од Фиорентина, Федерико Киеза, одбранбениот играч на Рома, Костас Манолас и играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Танги Ндомбеле.

Како што пишува „Кориере дело Спорт“, Роналдо веќе разговарал за сите овие играчи со тренерот Масимилијано Алегри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.